вторник, 16 јули 2024

Повредениот во сообраќајката кај Штип кој беше пренесен во Скопје е во стабилна состојба

Објавено на

часот

Сподели

„Повредениот е на возраст од 29 години, во стабилна состојба е, со скршени ребра и контузии на белите дробови. Ќе биде задржан на опсервација неколку дена“, рече доктор Јакупи за МИА.

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар од патарината кај Кадрифаково, загинаа три женски лица на возраст од 15, 37 и 62 години. Според првични информации, жртвите се во роднинска врска и се превезувале во возило шевролет „калос“ со скопски регистерски таблички, во кое имало уште две лица.

Според СВР-Штип, во несреќата повредени се четири лица. Како дошло до судир меѓу возилата тојота „ланд крузер“ со кочански регистерски таблички и шеворлет „калос“ со скопски регистерски таблички се уште се утврдува од страна на полицијата и јавен обвинител.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека учесници во несреќата се возилата „тојота „ланд крузер“ управувана од возач на 29-годишна возраст, во кое имало и сопатник на возраст од 34 години, при што и двајцата се  повредени и возилото „шеворлет калос“ со скопски таблички управувано од возач на возраст од 45 години, во кое се превезувало и 12-годишно момче и трите жртви.

15 годишно девојче и 62 годишна жена починаа на самото место на несреќата, а 39 годишна жена им подлегна на повредите на пат кон штипската Клиничка болница. Лекарите се обидувале да ја реанимираат, но безуспешно.

Во штипската Клиничка болница во моментов се двајца пациенти на кои им се прават лекарски прегледи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ