вторник, 22 октомври 2024

Повеќе од 900 луѓе починале на аџилак, во Мека температурата надмина 50 степени

Бројот на починати во текот на годинешниот аџилак во Саудиска Арабија надмина 900, објави Франс прес, повикувајќи се на податоци од повеќе земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден арапски дипломати кажал за Франс прес дека смртноста меѓу египетските аџии скокнала на „најмалку 600“.

Семејствата и пријателите ги пребарувале болниците и барале информации на интернет, плашејќи се од најлошото, откако температурата во понеделникот во Мека, најсветиот град во исламот, достигна 51,8 Целзиусови степени.

Околу 1,8 милиони луѓе од целиот свет, многумина стари и немоќни, учествуваат во повеќедневниот аџилак, главно на отворено.

Според информациите на саудиските власти, во годинешниот аџилак учествуваат аџии од Саудиска Арабија и уште 22 земји.

Аџилакот е должност која треба да се изврши еднаш во животот за сите муслимани кои се физички и финансиски способни за патувањето кое верниците ги води по патот кој го поминал Мухамед пред 1.400 години.

Стампедо, пожари на шаторите, жештина и други фактори предизвикуваа голем број смртни случаи за време на овој важен верски настан во последните 30 години.

Најмалку 2.070 луѓе загинаа во големото стампедо во 2015 година во близина на Мека.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ