петок, 18 октомври 2024

Повеќето Израелци сакаат Хамас да биде уништен: „Немаме избор“

Граѓаните на Израел не сакаат војската да ја прекине офанзивата за уништување на Хамас и покрај повикот на Генералното собрание на ОН за прекин на огнот, се поголемата листа на воени жртви и зголемениот број на палестински жртви во Газа, објави Ројтерс, повикувајќи се на тамошна анкета.

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска, наводно, претрпе еден од најтешките денови од двомесечната војна во Газа во вторникот, кога загинаа десет војници, меѓу кои и еден полковник. Со ова бројот на загинати лица достигна 115, што е речиси двојно повеќе од бројот на убиени за време на конфликтот во крајбрежната енклава пред девет години.

Од друга страна, бомбардирањето на Газа ја опустоши енклавата, во воздушните и копнените напади на израелската војска загинаа 18.500 Палестинци. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека „неселективното“ бомбардирање на цивили во Газа, го чинело Израел меѓународната поддршка.

Анкетите во последните недели покажаа силна поддршка за војната и покрај се поголемите човечки загуби. Шестмина Израелци кои разговараа за Ројтерс во средата рекоа дека сега не е време да се повлечат, без оглед на слабеењето на глобалната наклонетост што се рефлектира во резолуцијата на ОН.

Убиството на Хамас на околу 1.200 луѓе, главно цивили, на 7 октомври оживеа нешто што Израел претходно го почувствува кога Арапите започнаа ненадеен напад во 1973 година – стравот дека соседите и непријателите би можеле заедно да ја уништат еврејската нација, рече Тамар Херман од Израелски институт за демократија.

„Чувството на луѓето е дека ова е закана за самото постоење на Израел“, истакна Херман. Споменатиот институт врши редовни истражувања на јавното мислење за војната. Херман тврди дека луѓето се подготвени за повеќе смртни случаи на војници.

Говорејќи во Ерусалим, пензионираниот Бен Зион Левингер истакна дека непријателите на Израел ќе го видат секое забавување во борбата против Хамас како знак на слабост.

„Ако не ја однесеме оваа борба до крај, тогаш утре наутро ќе имаме битки на север, исток и југ, а можеби и во Иран. Значи, немаме избор“, рече Левингер, поранешен работник во ИТ.

Според анкетата на Израелскиот институт за демократија, по еднонеделната пауза во непријателствата во ноември, повеќе од три четвртини од Израелците рекле дека офанзивата треба да продолжи без прилагодувања со што би се намалиле или палестинските цивилни жртви или меѓународниот притисок.

Понатаму, само десет отсто од Израелците веруваат дека војската користи премногу огнена моќ, според анкетата на Универзитетот во Тел Авив спроведена на крајот на октомври меѓу 609 испитаници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ