сабота, 19 октомври 2024

Повеќето Американци се против испраќање американски трупи во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Четвртина од анкетираните ниту ја поддржале, ниту се против идејата за испраќање американски војници во Украина, а 34 отсто се против тој предлог. Еден од десет анкетирани немал одговор.

Пентагон соопшти дека нема коментар на анкетата на Њузвик.

САД досега обезбедиа најмногу воена помош за Киев. Од почетокот на конфликтот, во февруари 2022, Вашингтон обезбедил над 43 милијарди долари помош за Украина. Но, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден уште на самиот почеток на војната соопшти дека американски војници нема да одат на првите линии на фронтот во Украина.

Во онлајн анкетата, спроведена на 25 и 26 јули, учествувале вкупно 1.500 луѓе.

Анкетираните на возраст од 27 до 42 години „силно го поддржале“ испраќањето на американски трупи во Украина.

Речиси третина од анкетираните постари од 59 години изјавиле дека се против испраќањето американски војници во Украина, додека уште 25 отсто „силно се противат“ на таквата идеја.

Во анкетата на Њузвик 47 отсто од анкетираните кажале дека поддржуваат, или „силно поддржуваат“ прием на Украина во НАТО, додека само 15 отсто се против членство на Киев во западниот воен пакт.

Нешто повеќе од четвртина кажале дека НАТО би требало веднаш да ја прими Украина, додека 37 отсто веруваат дека Украина би требало да стане членка на Алијансата по завршувањето на војната со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ