вторник, 22 октомври 2024

Постигнат е клучен договор за Украина, Орбан се повлече, но под два услова

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, објави дека е постигнат договор за 50 милијарди евра помош за Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сите 27 лидери се согласија“, рече тој, додавајќи дека „ова обезбедува стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина“.

Договорот беше постигнат откако утрово највлијателните политичари од блокот разговараа со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан стави вето на договорот за време на самитот во декември. Најавата на Мишел покажува дека челниците успеале да го разубедат.

Орбан, пишува Гардијан, подлегнал на притисокот по серијата средби синоќа и утринава со италијанскиот, францускиот и германскиот премиер. Претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и лидерите на Франција, Германија и Италија одржаа состанок зад затворени врати со унгарскиот премиер. Состанокот потоа беше проширен и на други лидери, вклучително и холандскиот премиер Марк Руте, полскиот премиер Доналд Туск и белгискиот премиер Александар Де Кро.

„ЕУ го одржа ветувањето за Украина“, рече белгискиот премиер Александар Де Кро, додавајќи дека „уште еднаш го потврдивме единството на 27-те земји-членки“.

Тие се договорија за два компромиси – за две години, Европската комисија по потреба ќе направи ревизија на трошоците. Но, за тоа сепак ќе се гласа.

Има и дополнителна мерка за механизмот за условување на владеењето на правото, рече портпарол, пренесе Гардијан.

Лидерите се согласија за следниот текст, според документот што го видел Гардијан: „Врз основа на годишниот извештај на Комисијата за спроведувањето на инструментот за Украина, Европскиот совет секоја година ќе одржува дебата за за имплементацијата со цел да обезбеди насоки. Доколку е потребно, Европскиот совет за две години ќе ја повика Комисијата да подготви предлог за ревизија во контекст на новата Повеќегодишна финансиска рамка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ