Договорот на Погба со Манчестер јунајтед официјално истекува на 30 јуни, пред неколку дена Јувентус го информирал англискиот клуб дека води преговори со Погба.
Според „Газета дело Спорт“, Јувентус и Погба постигнале договор и тој се враќа во клубот од Торино.
Се работи за тригодишен договор со плата од 10 милиони евра по сезона плус бонуси во зависност од перформансите.
Погба се поврзуваше и со ПСЖ, но изборот паднал на Јувентус.