„Оваа трибина доаѓа во вистинското време на предизвици од кои научуваме, за жал, откако ќе се случат без разлика дали е кај нас или во соседството. Три години превентивно дејствуваме во училиштата и преземаме низа активности еднаш неделно во однос на безбедноста на учениците. По настаните во Србија гледаме колку е тоа битно за целиот тој процес. Сметам дека таа институционална соработка ќе мора да ја зајакнеме уште повеќе и превентивно да дејствуваме за отстранување на сите тие ризици кои се во делот на воспитувањето и образованието, вклучувајќи го семејството како една од клучните и најважни алки во целиот овој процес. не е фер сите работи да ги префрлиме на образовните институции во овој период и тие да бидат одговорни за сето тоа што ние како луѓе или семејства не сме направиле. А безбедноста сме сите ние“, истакна Спасовски.
Улогата на МВР и полицијата во локалната заедница е значајна од повеќе аспекти, особено ако се имаат предвид новите модели на полициското работење кои опфаќаат присуство на полицијата во заедницата и заеднички одговор на проблемите. Поради ризиците на безбедност, воопшто потребата за поквалитетна институционална функционалност и проактивност се поддеднакво изразени и на централно и на локално ниво.
„Со заеднички пристап може да постигнеме подобри резултати. А превентивното дејствување е најбитно. Лидерството на сите чинители, без разлика на институцијата и субјектот се многу битно. Ги поттикнуваме сите раководители да вложат во своите знаења, да ја развиваат својата професионална мрежа на соработници, од домашни и меѓународни организации и на тој начин да го поддржат процесот на реформи и имплементирање на европските стандарди“, потенцира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната трибина за проактивното лидерство на економскиот факултет во Прилеп.