вторник, 22 октомври 2024

По Светиниколско, сега и Делчевско се соочува со проблеми во водоснабдувањето

Во Делчево за утре е закажан собир со жителите на село Ѕвегор, на кој ќе се разговара за решавање на проблемот со водоснабдувањето во селото. Собирот е свикан од страна на градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, по претходно барање на жителите на Ѕвегор.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Жителите на Ѕвегор велат дека собирот нема политичка позадина и дека се испочитувани сите законски процедури. За да се свика овој собир, според Зконот за свикување вакви собири, жителите претходно имаа собрале доволен број потписи, а целта на собирот како што истална Горан Гошевски, е жителите на село Ѕвегор да ги изнесе проблемите и нивните видувања во врска со водоснабдувањето.

„Овој собир нема политичка позадина, туку се работи за егзистенцијални проблеми на самите жители. Решени сме да одиме до крај, во крајна мерка можеби со блокада на Меѓународниот пат и организирање референдум со кој според законот надлежностоте за одржување на водоводот можеме да го префрлиме на самите нас. Водоводот е граден со самопридонес без денар од државата и мислам дека чашата е прелиена, ова е последно предупредување и затоа очекувам дека ќе надвладее здравиот разум и ќе најдеме решение“, вели Горан Гошевски, жител на селото.

Потврда за учество на собирот најави и градоначалникот Горан Трајковски кој рече дека ќе ги поддржи при евентуалниот протест, а во меѓувреме ќе разговараат за изнаоѓање решение за пробчемот со водоснабдуцањето кој подолго време ги мачи жителите на ова село.

Во село Ѕвегор се гради водовод со средства од Министерството за транспорт и врски, а најголем пробчем за жителите е таксата за приклучок која треба да ја платат, за да бидат приклучени на новиот систем. Во меѓувреме дел од селото е без вода за пиење, поради што дел од жителите се снаоѓаат од алтернативни извори на вода.

Собирот е закажан за утре во салата на Спомен домот АСНОМ со почеток во 11 часот. На собирот може да учествуваат сите полнолетни жители на Ѕвегор кои според лична карта имаат живеалиште во ова село Ѕвегор. Собирот е со цел изнаоѓање решение за проблемот со водоснабдувањето, пишува во информацијата на општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ