недела, 21 јули 2024

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

МВР информира дека во поширокиот центар на Скопје денеска и утре ќе има посебен сообраќаен режим.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради одржување министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, денеска и утре СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на Градот Скопје.

Од Секторот за ватрешни работи – Скопје апелираат сите граѓани, учесници во сообраќајот, да ги  почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ