недела, 20 октомври 2024

Португалија ја прекина наплатата на ДДВ за храна, цените паднаа

Објавено на

часот

Сподели

Во април владата на шест месеци ја прекина наплатата на ДДВ на 46 основни прехранбени производи за да го ублажи товарот на рекордно високите цени врз семејствата. На листата се млекото, лебот, оризот, пиперките и група месни и рибји производи. Пред потегот на владата стапката на ДДВ изнесувала шест отсто.

Посебни анализи на агенцијата за храна и економска сигурност АСАЕ и најголемото португалско здружение за заштита на потрошувачите ДЕКО протесте, спроведени од средината на април до средината на мај, покажале под на цените на тие производи за 7,6 односно 7,9 отсто, кажа португалскиот премиер.

„Во земјата во која платите и пензиите се ниски, високата инфлација неизбежно тешко ги погоди примањата на луѓето, но мерката на спуштање на ДДВ на нула резултираше со пад на цените (на основните производи)“, кажа Коста во парламентот.

Мерката, според него, е договорена со произведувачите и трговците „за да се обезбеди намалувањето на ДДВ да влијае на пад на цените на основните производи и токму тоа се случува“. Инфлацијата во Португалија во април успорила на 5,7 отсто, од 7,4 отсто во март.

Според прогнозите на владата, инфлацијата годинава би требало да се спушти на 5,1 отсто, од 7,8 отсто во 2022. Европската комисија прогнозира дека ќе достигне 5,6 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ