четврток, 18 јули 2024

Порше не се откажува од рачните менувачи

Трудејќи се да одговори на желбите на своите купувачи, Порше потврди дека за моделите 911 и 718 и понатаму ќе нуди рачни менувачи.

Објавено на

часот

Сподели

Иако Порше со години го има еден од најдобрите автоматски менувачи со две спојки (ПДК) кој е дел од пакетот во нивните најбрзи модели, на општо одобрување на клиентите кои сè повеќе сакаат традиционални решенија, одлучено е дека со повеќето верзии на бесмртниот „елфер“ и моделите од серијата 718 и понатаму ќе има опција за рачен менувач.

Во последната изјава за медиумите, првиот човек на Порше одговорен за моделите од серијата 718 и 911 кажа дека рачните менувачи остануваат во приказната до крајот на актуелната генерација на 911 и двоседите 718 кајман/бокстер, а не е исклучена можноста трите педали да бидат опција и во следната генерација на порше 911.

Причината е сосема едноставна: сите досегашни истражувања потврдиле дека многу досегашни и потенцијални купувачи на 911 апсолутно сакаат рачен менувач.

Со претходните изјави од Порше според кои 911 ќе остане моделот кој најдолго ќе го придвижуваат мотори со внатрешно согорување, реални се надежите дека рачниот менувач ќе остане во игра и со следната генерација на 911.

Кога, и ако, Порше на крајот ќе биде присилен во поблиска или подалечна иднина целосно да се откаже од моторите со внатрешно согорување, се спомнуваат симулации на рачен менувач, со што во Штутгарт не се согласуваат, бидејќи „секогаш инсистираат на автентичност“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ