Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе сеопфатни нови царини за производите од Мексико, Канада и Кина штом официјално ќе стапи на должност, а оваа вест дополнително ги вознемири пазарите, пишува порталот Трејдинг економикс.
Во 9:15 часот индексот ДАХ на Франкфуртската берза падна на 19.295,75 поени, британскиот ФТСЕ 100 на 8.259,07 поени, францускиот ЦАЦ 40 на 7.196,87 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 2.534,88 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс скокна на 44.736,57 поени, индексот С&П 500 на 5.987,40 поени, а вредноста на индексот Насдак на 19.054,84 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 69.007 долари, а на нафтата од типот брент на 73.141 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 47,5 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 2.615,32 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,3455 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,04785, што е за приближно 0,33 отсто повисоко отколку во почетокот на трговската сесија.