понеделник, 21 октомври 2024

Поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан: Полицијата ја опколи мојата куќа, очекувам апсење

Објавено на

часот

Сподели

70-годишниот Кан напиша на Твитер дека е неизбежно негово повторно апсење.

Кан беше уапсен од војската на 9 мај поради обвинувања за корупција, кои тој ги негира, што предизвика бран насилни протести кои ја продлабочија политичката нестабилност во земјата.

Врховниот суд нареди пуштање на Кан со кауција минатиот петок.

Меѓутоа, владата го обвини денес Кан дека имал помошници кои учествувале во нападите по неговото апсење и предупреди дека има 24 часа „да ги предаде или да се соочи со полициска операција“.

Кан кажа дека е неизбежно негово повторно апсење и дека неговите противници сакаат да предизвикаат конфликти на неговите поддржувачи со војската, што, како што кажа, ќе ѝ нанесе големи загуби на земјата.

Тој додаде дека бара судска комисија да го истражи насилството што се случило.

Вишиот суд денес на Кан му ја продолжил кауцијата до 31 мај, кажа неговиот адвокат.

Министерот за информирање на провинцијата Пенџаб Амир Мир кажа дека разузнавачките служби и агенциите за спроведување на законите идентификувале 30 до 40 луѓе обвинети за нападите на воените објекти кои се криеле во куќата на Кан, што тој го негира.

По апсењето на Кан, илјадници негови поддржувачи запалија десетици државни и јавни згради, вклучувајќи и штаб на војската.

Повеќе од 3.000 луѓе се веќе во притвор поради насилството.

Федералниот министер за информирање Мариум Аурангзеб ги нарече нападите на воените објекти „бунт“, наведувајќи дека на вмешаните ќе им се суди на воени судови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ