сабота, 20 јули 2024

Поранешниот лекар на Белата куќа: Когнитивно опаѓање, на Бајден ќе му биде сè полошо

Објавено на

часот

Сподели

Дека постојат валидни причини за загриженост тврди поранешниот лекар на Белата куќа Рони Џексон, кој на таа функција бил во администрациите на Џорџ Буш Помладиот, Барак Обама и Доналд Трамп.

„Падот на когнитивните способности кај Бајден се случува брзо. Водев сметка за здравјето на тројца претседатели, така што од прва рака знам што е потребно да се биде врховен командант и шеф на државата. Тоа напорна работа, и психички и физички. Овој човек не може да ја врши. Секој ден тоа ни го докажува, но ситуацијата ќе биде сè полоша и полоша“, наведе Џексон.

Тој оцени и дека САД „не можат себеси да си дозволат овој човек да ги води до крајот на мандатот, а потоа уште четири години“, бидејќи тој, според него, „уште сега ги изложува на голем ризик“.

Џексон претходно му пишал на Бајден писмо во кое го повикува веднаш да поднесе оставка и да се откаже од кандидатурата за 2024 или во спротивно успешно да мине когнитивен тест за да докаже дека е способен да ги води Соединетите Американски Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ