сабота, 19 октомври 2024

Поранешната шкотска премиерка приведена па пуштена без обвиненија, тврди дека е невина

Објавено на

часот

Сподели

Старџон изјави дека е невина.

„Да се најдеш во ситуацијата во која се најдов денес кога сум сигурна дека не сум направила никаков прекршок е истовремено шокантно и длабоко вознемирувачко“, напиша таа на Твитер.

Шкотската полиција соопшти дека 52-годишната Старџон била испрашана во рамки на истрагата за финансирањето на Шкотската национална партија, пренесува Ројтерс.

Со истрагата се истражува што се случило со над 600.000 фунти собрани од страна на шкотските поддржувачи на независноста во 2017 година за кои се сомнева дека можеби биле искористени во нелегални цели.

„Старџон беше уапсена денес поради сомнеж за врски со тековната истрага за финансирање на Шкотската национална партија“, се наведува во соопштението на шкотската полиција.

„Таа е во притвор и ја испрашуваат детективи на шкотската полиција“, беше соопштено претходно денес од полицијата.

Старџон, лидерката со најдолг стаж во својата полуавтономна влада на Шкотска, го изненади политичкиот свет кога во февруари ја објави својата оставка, кажувајќи дека станала премногу поделена за својата земја да ја води кон независност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ