вторник, 22 октомври 2024

Поранешен премиер на Израел: Ќе ја изгубиме поддршката од светот поради реакцијата на нападот на Хамас

Ехуд Барак, поранешен израелски премиер и началник на главниот стожер на израелската војска, даде интервју за американскиот Форејн полиси, велејќи дека Израел „веројатно ќе ја изгуби поддршката од светската јавност“ поради својата реакција на нападот на Хамас на 7 октомври.

Објавено на

часот

Сподели

Барак за ФП изјави дека „целта е да се ограничат воените и владините способности на Хамас во Појасот Газа. Тоа не може да се постигне само со воздушни напади. Илјадници и илјадници војници мора да бидат распоредени на терен“.

Запрашан за поддршката на САД, тој рече: „Знаеме дека за една или две недели веројатно ќе ја изгубиме поддршката на јавното мислење во многу делови од слободниот свет, а за две или три недели би можеле да ја изгубиме поддршката од многу влади во слободниот свет. Мислам дека Америка ќе продолжи да биде со нас, но ќе ѝ биде се покомплицирано да остане со нас“.

За израелската воена стратегија поранешниот премиер рече дека ќе бидат потребни „најверојатно околу 50.000 или повеќе војници за да бидат сигурни дека ќе победат“.

„Дури и ако војната прерасне во голем регионален конфликт со Хезболах, кој има 10 пати повеќе ракети и проектили, или ако се вклучени Западниот Брег или Голанската висорамнина, Израел е сепак посилен. Тоа не е егзистенцијална закана, но ќе биде потребно повеќе време, повеќе загуби и повеќе непријатности со оние кои нѐ поддржуваат ширум светот“, рече Барак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ