Се работи за поранешениот фудбалер на младинските тимови во Борец, Гоце Коцевски. Во својата кратка кариера Коцевски освен за Борец настапуваше за Превалец и Кул кои се натпреваруваат во ниските македонски лиги.
21-годишниот Коцевски со својот автомобил „Фиат Стило“ излетал на експресниот пат Кочани – Три Чешми, на клучката кај селото Спанчево и починал на лице место.
„Вчера во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Три чешми, на клучката за с.Спанчево, патничко возило „фиат стило“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(21) од Велес, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, информираат од МВР.