сабота, 19 октомври 2024

Поранешен американски дипломат обвинет дека со децении бил кубански шпион

Поранешен американски дипломат кој бил и амбасадор во Боливија е обвинет дека со децении работел како „крт“ за разузнавачката служба на Куба, соопшти Секретаријатот на САД за правосудство.

Објавено на

часот

Сподели

Судските документи наведуваат дека Мануел Роча вршел „тајни активности“ за кубанската држава барем од 11 година, со состаноци со кубански разузнавачи, а на американските државни функционери им давал лажни информации за своите патувања и контакти.

Во обвинението поднесено во сојузниот суд во Мајами Роча, меѓу другото, е обвинет дека бил нелегален агент на странска држава.

Седумдесет и тригодишниот поранешен дипломат две децении бил во американска служба, делумно на водечки позиции во Боливија, Аргентина и во Американскиот оддел во Хавана.

Обвинението ги наведува неговите нелегални врски со кубанската разузнавачка служба уште од 1981 година, кога се вработил во Стејт департментот, и сè до напуштањето на американската сојузна влада две децении подоцна.

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) минатата година дознало за тоа и му наместило на Роча низа тајни состаноци со човек кој му се претставувал како кубански разузнавач.

Еден таков состанок се случил во Мајами минатата година кога Роча кажа дека разузнавачката служба го упатила да води нормален живот, а на соговорникот му кажал и дека секогаш се плашел некој да не го предаде бидејќи „тоа би загрозило сè што работевме“, се наведува во обвинението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ