вторник, 22 октомври 2024
Шести протест во Белград

Порака до Вучиќ: „Нова форма на протест“ ако не се исполнат барањата за една недела (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во Белград граѓаните денеска шести пат протестираа против насилството.

Протестот почна околу 18 часот пред Собранието на Србија, а насобраните излегоа на прошетка по говорите на повеќе актери, професори и студенти.

Протестите се одржуваат по двете масовни убиства што ја потресоа Србија во почетокот на минатиот месец, а насобраните бараат властите да одговараат за начинот на кој реагирале на трагедиите.

Клучното барање е да се запре промовирањето на насилството на јавниот простор.

Освен тоа, бараат разрешување на првите луѓе на МВР, безбедносно-информативна агенција и членовите на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми.

Демонстрантите рекоа дека веќе пет недели ги повторуваат истите барања и дека трпението им е при крај. Доколку следната недела не се исполнат сите барања, следниот протест ќе има поинаква форма, велат тие.

На протестот „Србија против насилството“ повикаа опозициските парламентарни групи Обединети, Народна партија, Демократска партија, Заедно-мораме, Зелено-левиот клуб и Да не го давиме Белград, но нагласија дека протестот не е политички.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ