вторник, 22 октомври 2024

Поради злоупотреба за вадење бавчи стружани може да останат без вода за пиење

Екипи на Јавното претпријатие (ЈП) Водовод и канализација и претставници од месните заедници од струшките села, од понедленик на терен ќе контролираат злоупотреби на вода од градскиот водовод. Тоа било договорено на денешната средба на директорот на претпријатието Дашмир Насуфи со раководителите на месните заедници од најпогодените населени места со злоупотреба на водата за пиење. Насуфи најави казни и до 3.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Издашноста на изворите, од каде се снабдува со вода Струга и неколку населени места, според Насуфи, била намалена поради високите температури и сушната зима, па затоа мора преветнивно да делуваат.

„Издашноста на изворите е намалена, па поради тоа мораме да превенираме. Доколку има потреба ќе бидат воведени и рестрикции на водата за пиење во ноќните часови“, вели директорот на ЈП Водовод и канализација.

Тој посочи дека месното население ќе биде известено за предвиденото контролирање и очекува резултати, следејќи го иксуството од минатите години.

„Целта е да се обезбеди вода за пиење во текот на летната сезона, каде поради високите температури состојбата со водоснабдувањето може да биде проблематична. Екипите ќе излегуваат на терен рано наутро и навечер, периоди кога водата се користи за наводнување на бавчи и дворови, а контроли ќе има и во текот на целиот ден“, изјави Насуфи за МИА.

Ги повика граѓаните на рационално користење на водата за пиење и да не се злоупотребува со што ќе се намалат проблемите со водоснабдувањето во текот на летната сезона.

Корисниците кои ја злоупотребуваат водата за пиење, додаде, најпрво ќе бидат писмено предупредени, а во случај на повторување на прекршокот, согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води ќе бидат казнети до 3.000 евра и исклучување од водоводна мрежа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ