петок, 18 октомври 2024

Поради несовесни граѓани се запали мостот Беласица, не знаеме дали е добра статиката, изјави градоначалничката Арсовска

Објавено на

часот

Сподели

„Се надеване дека МВР и ЦУК ќе ги преземат соодветните мерки за да бидат елиминирани последици и да се најдат сторителите и да бидат санкционирани, рече Арсовски во вечерашното гостување на ТВ21.

Таа потенцира дека Градот Скопје ќе ги чека анализите и извештаите од МВР и ЦУК за да почне да постапува.

Одговорајаќи на прашањето колку би потраел периодот на затворање на мостот за сообраќај, Арсовска рече дека тоа не зависи од Градот.

„Додека сто процентно не бидеме сигурни дека мостот е безбеден за пешаци и возила, не смее да биде отворен“, рече градоначалничката.

По однос на минатонеделниот брифинг, кога беше речено дека повеќе од две третини од имотот на физички и правни лица во Скопје за Градот е непознат, градоначалничката Арсовска рече дека  од Катастар се бара, но дека не се добиваат личните податоци за оние кои имаат имот.

„Ќе испливаат многу високи функционери и лица на високи позиции кои кријат имоти, и затоа не ги даваат“, рече Арсовска.

„Побаравме да добиеме од Катастар, но од таму добивме само оправдувања. Јас оваа работа ја покренав уште како претседател на ЗЕЛС. Наша законска работа е да имаме податоци и да испорачаме решенија за даноци“, вели Арсовска.

Иако станува збор за само 25 проценти собрани даноци, Арсовска рече дека никој пред неа не успеал да собере толку пари од даноците и нагласи дека никој од нејзините претходници не го отворил прашањето за огромното неплаќање на даноци.

Таа рече дека не се кае што се кандидираше за градоначалничката функција иако ја загуби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ со која партија влезе во судир.

„Не се каам воопшто, горда сум што успеав да разобличам некои луѓе. Покажав дека ако се сака, и без поддршка и без помош од никого, и дека ако се сака да се работи во интерес на граѓаните, да се слушаат граѓаните и да се решаваат нивните проблеми, може да се сработи и покрај сите опструкции од власта“, рече Арсовска.

На советниците во градскиот Совет им порача да размислуваат со своја глава.

„Двете најголеми политички партии излегуваат на прес-конференции, се пресметуваат користејќи го моето име. Треба да разберат дека така само губат. Тие партии ја доведоа државата во ваква ситуација, не јас“, рече Арсовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ