петок, 18 октомври 2024

Поради испуштање радиоактивна вода, Кина строго ќе ја контролира храната од Јапонија

Објавено на

часот

Сподели

Непосредно по катастрофата во Фукушима во 2011 година, Кина го забрани увозот на храна и земјоделски производи од пет јапонски префектури. Потоа ја прошири забраната и во моментов не дозволува увоз од 10 префектури.

Царинската управа денеска објави дека ќе го „зголеми надзорот“ и „ригорозно ќе ги испита“ дозволите за увоз на храна, особено на морските производи, од префектурите кои не се опфатени со забраната, за која, нагласуваат, дека останува во сила.

Некои јапонски официјални лица стравуваат дека Кина, најголемиот купувач на јапонски морски плодови, би можела да престане да ги купува производите откако Токио ќе почне да испушта контаминирана вода во морето во август.

Со недели Кина силно се спротивставува на овој потег, посочувајќи дека тој ја загрозува животната средина и здравјето на луѓето.

Пред ослободувањето, Јапонија планира да ја филтрира водата за да ги отстрани повеќето радиоактивни елементи, со исклучок на тритиумот, изотоп кој тешко се отстранува од водата. Неговото присуство во водата треба значително да се намали под нивото дозволено со меѓународните стандарди.

„Легитимноста на одлуката на Јапонија за ослободување на водата е сè уште во голема мера проблематична, како и веродостојноста на опремата за прочистување и интегритетот на програмата за следење“, соопшти кинеската царинска управа.

Тие додаваат и дека извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не ги одразува целосно ставовите на сите експерти кои учествуваа во процесот на проценка и дека не сите експерти ги прифатиле неговите заклучоци.

Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси денеска изјави дека еден или двајца членови на тимот меѓународни експерти кои стојат зад извештајот можеби изразиле загриженост, но никој не ги покренал директно до него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ