вторник, 22 октомври 2024

Пописот секогаш треба да ја отсликува реалноста во општество, се согласиле Сиљановска Давкова и Стерјовски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира денеска претседателскиот Кабинет, на средбата Сиљановска Давкова била информирана за севкупните активности на партијата, насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Албанија.

На средбата, како што се наведува во соопштението, биле разменети мислења и за последниот спроведен попис во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, кои не ги признаваат објавените резултати.

Претседателката Сиљановска Давкова изразила поддршка на напорите на претставниците на македонското национално малцинство за унапредување на нивните права и повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на нивната положба.

Сиљановска Давкова, како што се посочува, ја нагласила важноста пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ