вторник, 22 октомври 2024
Во рамки на Самитот за мир во Украина

Полскиот претседател на македонската претседателка ѝ искажал поддршка за евроинтеграцијата

Претседателката ја поздрави недвосмислената поддршка од Полска на долгиот македонски пат кон ЕУ, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката на Македонија за средбата со претседателот на Полска,  Анджеј Дуда.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата одржана во рамки на Самитот за мир што се одржува во Швајцарија, биле разменети мислења за билатералните односи, за состојбите во регионот, европските интеграции и за глобалните безбедносни предизвици, како и соработката на двете држави како сојузнички во НАТО, велат од кабинетот на претседателката на Македонија.

„Соговорниците изразија задоволство од одличната соработка воспоставена на традиционално пријателство и констатираа дека двете држави споделуваат врска создадена во текот на три децении соработка, меѓусебна почит, доверба и разбирање. Беше посочено дека оваа година славиме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, што е доказ за трајно партнерство и заедничките вредности.

Претседателката ја поздрави недвосмислената поддршка од Полска на долгиот македонски пат кон ЕУ.

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста од континуираната и отворена поддршка на Полска на македонскиот евроинтеграциски пат и упати благодарност за досегашната поддршка, посочувајќи дека полските искуства ќе ни бидат од голема корист за пристапниот процес кон ЕУ. Таа нагласи дека недвосмислено сме посветени на агендата за интеграција во ЕУ и во тој контекст изрази очекување за силна поддршка од меѓународните партнери и институциите на ЕУ за да се осигураме дека процесот на нашето членство ќе продолжи непречено“, се вели во соопштението.

Претседателката Сиљановска Давкова порачала дека е клучно европската перспектива на земјите кандидати да не биде попречувана од вето поради ирационални билатерални прашања, туку процесот треба да се води исклучиво низ призмата на исполнување на копенхагенските критериуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ