вторник, 22 октомври 2024

Полскиот премиер: Мораме да одлучиме како ќе продолжиме да ѝ помагаме на Украина

Полска речиси сигурно ќе потпише билатерален безбедносен договор со Украина пред јулскиот самит на НАТО во Вашингтон, кажа денес полскиот премиер Доналд Туск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој вчера најави дека пред самитот на НАТО, кој почнува на 9 јули, во Варшава ќе се одржат разговори со украинскиот претседател.

„Мораме, заедно со министерот за одбрана, да одредиме како можеме да продолжиме да ѝ помагаме на Украина, но не можеме да ги ослабиме одбранбените капацитети на Полска“, им кажа Туск на новинарите.

„Постојат 99 отсто шанси дека ќе потпишеме договор со претседателот Володимир Зеленски пред самитот“.

Туск кажа дека договорот е „практично готов“ и дека треба да се разјаснат само неколку детали и формулации.

Европската Унија и две нејзини членки Литванија и Естонија потпишаа безбедносни договори со Зеленски на самитот во четврток во Брисел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ