сабота, 19 октомври 2024

Полска не успеа да формира Украинска легија од украински доброволци

Полска не успеала да ја формира таканаречената Украинска легија поради недостигот од луѓе спремни да служат во неа, изјави денес полскиот министер за одбрана Владислав Косињак Камиш за порталот Виртуелна Полска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ние се подготвивме за ова во рамки на договорот потпишан меѓу Полска и Украина, но ние не сме одговорни за регрутацијата“, кажа Камиш, а поренесе весникот Вједомошќи.

Тој истакна дека првичните проценки за бројот на луѓе кои сакале да влезат во единицата „биле многу вусоки“.

Во Варшава верувале дека можат да формираат бригада, составена од неколку илјади луѓе. „Меѓутоа, тоа не се случи“, заклучи полскиот министер.

Полска и Украина во јули потпишаа нов договор за долгорочна воена соработка, кој вклучуваше обука на Украинска легија, нова воена единица, на полска територија.

Се претпоставувало дека Украинците заинтересирани за влез во легијата ќе бидат опремени од полската војска на трошок на Варшава.

Полските медиуми минатиот месец пренесоа дека формирањето на легијата никогаш не ни почнало.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ