петок, 25 октомври 2024

Полска: ЕУ да ги укине трговските повластици за Украина

Варшава предложи Европската Унија да ги укине трговските поволности кои на Украина ѝ беа дадени по почетокот на конфликтот со Русија, изјави полскиот премиер Доналд Туск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Потребни се промени кои би ги заштитиле европскиот и полскиот пазар“, кажа шефот на полската влада и објасни дека под промени подразбира враќање на делумно истите правила кои важеле во трговијата со Украина и другите земји пред почетокот на војната.

Притоа, според него, Полска не планира да ја затвори границата за стоката од Украина.

„Ние навистина сакаме да ѝ помогнеме на Украина, но мораме истовремено да ги заштитиме европскиот и полскиот земјоделски пазар, пазарот на произведувачите“, објасни Туск.

Во Полска на 9 февруари почна протест на земјоделците кои организираат акции низ земјата, ги блокираат патиштата и контролните премини на границата со Украина. на граничните премини неидентификувани лица веќе неколку пати истураат жито од украински камиони.

Главните барања на демонстрантите се сопирање на увозот на земјоделски производи од Украина во Полска и ЕУ да се откаже од својот еколошки план кој подразбира постигнување нулта емисија во атмосферата до 2050 година.

Земјоделците тврдат дека мерките кои ѝ го олеснуваат пристапот на Украина на пазарот на ЕУ довеле до нелојална конкуренција и дека ги спуштиле цените на земјоделските производи во блокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ