вторник, 22 октомври 2024

Политико: НАТО има нов генерален секретар

Претседателот на Романија Клаус Јоханис се повлекол од трката за нов генерален секретар на НАТО, отворајќи му го патот на поранешниот холандски премиер Марк Руте, кој долго се смета за фаворит за таа функција, формално да ја добие позицијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Политико пренесува дека Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера првпат го поддржа холандскиот премиер Руте како кандидат за нов шеф на западниот воен пакт, опишувајќи го како „многу силен кандидат“.

Столтенберг на конференција за медиумите со државниот секретар на САД Ентони Блинкен даде изјава непосредно по веста дека Словачка и Унгарија дале поддршка на кандидатурата на Руте, објавено е на сајтот на НАТО.

НАТО бира свој шеф врз основа на консензус, а 29 земји членки веќе го поддржаа Руте како наследник на Столтенберг, додека Унгарија, Словачка и Романија беа последните кои се спротивставуваа на таа опција.

„Не треба јас да бирам свој наследник“, кажа Столтенберг, но додаде дека Руте е „многу силен кандидат“ со големо политичко искуство како премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ