вторник, 8 октомври 2024

Политико: Лидерите на ЕУ се залагаат за забрзување на депортацијата на мигрантите

Лидерите на Европската Унија се залагаат за забрзување на депортацијата во рамки на поширокото настојување да се заостри политиката кон миграцијата, се наведува во нацрт извештајот во кој имал увид Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На иницијативите за заострување на пристапот кон мигрантите во Европа се приклучиле и Франција и Германија.

Лидерите на земјите од ЕУ планираат да извршат притисок врз Европската комисија да излезе со нови насоки за депортацијата кога ќе се сретнат на 17 октомври во Брисел, се наведува во нацрт заклучокот.

„Европскиот совет повикува на решителна акција на сите нивоа за да се засили и забрза враќањето на мигрантите од ЕУ“, се додава во нацртот.

Исто така се наведува дека Европскиот совет ги повикува Комисијата и Советот брзо да изложат нов заеднички пристап кон депортациите.

Лидерите на ЕУ се залагаат за поостар курс кон миграциите поради јакнењето на поддршката на конзервативните и крајно десничарските партии низ Унијата, пишува Политико.

Едно од главните барања кои доаѓаат од престолнините на ЕУ е да се разјасни правната рамка за депортацијата на мигранти во земјите надвор од ЕУ.

Европската комисија во 2018 изнесе нова рамка за депортација, позната како Директива за враќање, но таа никогаш не стигна до Европскиот парламент поради политичкото противење кое би ја сопрело иницијативата.

Сега кога Европскиот парламент ѝ е повеќе наклонет на десницата, некои лидери веруваат дека нова таква директива би можела да помине на гласање во таа институција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ