петок, 25 октомври 2024

Политико: Босна и Херцеговина ќе почне преговори за пристапување во ЕУ

Босна и Херцеговина ќе почне преговори за пристапување во Европската Унија, а Европската комисија би требало таа вест да ја објави во вторник, отворајќи ѝ го патот на земјата конечно да стане членка на Унијата, пишува Политико.

Објавено на

часот

Сподели

ЕУ на БиХ ѝ додели статус на кандидат за членство во декември 2022 година.

Европската комисија сега на таа држава ќе ѝ даде позитивна препорака за почеток на формалните преговори за придружување, кажале за Политико двајца функционери на ЕУ и еден дипломат.

Украина и Молдавија исто така би требало да направат чекор понатаму во процесот на придружување.

Европската комисија треба да ги предложи таканаречените преговарачки рамки кои ги одредуваат насоките и основните принципи на нивните пристапни преговори. Потоа земјите од ЕУ треба да разговараат за овие текстови. Дипломати и функционери на ЕУ предупредуваат дека договорот меѓу 27 европски членки, кој е неопходен за официјален почеток на преговорите, веројатно нема да биде постигнат пред европските избори во јуни.

За некои земји од ЕУ, вклучувајќи ја Австрија, беше од витално значење напредокот во Украина и Молдавија да оди рака под рака со напредокот за идно пристапување на БиХ.

Следниот чекор сега е лидерите на ЕУ да разговараат за препорака за БиХ на својот состанок во Брисел следната недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ