петок, 25 октомври 2024

Полицијата уапси тројца велешани, во нивните домови запленети различни дроги

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, кај З.Ј. (50) се пронајдени и одземени две саксии со садници канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, едно пакување со опиум, едно пакување со амфетамин и дигитална вага.

„При претресот кај Д.Ј. се пронајдени и одземени марихуана и поголем износ на пари, додека кај З.Ј. (26), двајцата од Велес, се пронајдени и одземени саксија канабис сатива и марихуана“. наведува МВР.

Лицата се приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ