понеделник, 28 октомври 2024

Полицијата уапси дрвокрадци со 28 кубици дрва

Полицијата уапси три лица кај кои се пронајдени вкупно 280 кубици дрва и алат за сечење. Дрвата, двете приколки и алатот се одземени.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера попладнето на место викано Бела Вода, во атарот на село Калањево, неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода Х.Ч.(27) од Неготино, С.С.(68) и А.А.(56) од селоТимјаник, неготинско, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело – кражба по член 235 став 3 од Кривичниот законик.

При преглед на теренот, во дворно место од викенд куќа на Х.Ч. биле пронајдени околу 12 кубни метри огревно дрво без документација, пила и други предмети поврзани со делото. Во близина, исто така, биле пронајдени и две тракторски приколки натоварени со околу 10 кубни метри огревно дрво, сопственост на С.С. и А.А., и дополнително околу шест кубни метри дрво во близина на приколките, сите без документација.

За настанот била известена Шумска полиција, а дрвата, приколките и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ