среда, 30 октомври 2024

Полицијата расветли случај на скопјанец кој во Карпош 1 крадел автомобили и вредни работи од нив

Објавено на

часот

Сподели

„ЕВР Карпош, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – одземање возило, кражба и тешка кражба. По преземени мерки, извршено вештачење и претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, било утврдено дека ноќта помеѓу 6 и 7 феврури  на ул.Френклин Рузвелт во Скопје одзел патничко возило сузуки витара со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.П.(43) од Скопје. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. 

Ноќта помеѓу 30 јуни и 1 јули на паркинг на ул.Бранислав Нушиќ во Скопје, преку незаклучена врата од возило бмв со скопски регистарски ознаки тој одзел пари и платежна картичка со која пазарел. 

Исто така, тој се сомничи дека во периодот од 1 до 3 јули на паркинг на ул.Орце Николов во Скопје со употреба на сила од возило волво со скопски регистарски ознаки одзел пари, платежни картички и други предмети, по што со картичките пазарел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ