петок, 15 ноември 2024

Во САД приведени руски новинари кои дошле да известуваат за изборите

Руски новинари кои отпатувале во САД за да известуваат за претстојните претседателски избори се приведени на аеродром, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа за Спутник изјави дека визата на снимателот на весникот „Известија“ му била поништена од „административни причини“.

Според неа, руските дописници на весникот „Известија“ синоќа отпатувале за САД за да известуваат за претседателските избори што ќе се одржат во вторник на 5 ноември.

„Таму не отпатуваа инкогнито, отидоа врз основа на издадени документи. Тие ја кажаа својата цел – да работат како новинари, да ги следат изборите. Ги поминаа сите процедури. Добија визи, дозвола, земаа цел пакет документи и се упатија кон САД. Таму беа примени на аеродромот, приведени и испрашувани. Сослушувањето траело неколку часа, а потоа на снимателот на групата не му беше дозволено да ја премине границата и му беше укината визата за влез. Како причина беа наведени административни причини. Не е јасно што значи тоа. Ете така, административни“, рече Захарова.

Таа истакна дека додека се случувало сето ова, американската администрација не ги информирала руските дипломати и руската амбасада во Вашингтон за приведувањето на државјани на Руската Федерација.

„Според тоа, нашите колеги не беа информирани и не можеа да им пружат помош“, нагласи Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ