четврток, 24 октомври 2024

Полицијата пронајде 10 мигранти, криумчарот го уапски и ќе му поднесе кривична пријава

Објавено на

часот

Сподели

Како што денеска соопштија од МВР, вчера попладне нешто пред 16 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода Б.Ц.(35) од Скопје.

„При преглед во возилото „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, меѓу кои тројца малолетници. За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Табановце. Б.Ц. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, појаснуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ