петок, 18 октомври 2024

Полицијата пресече канал за трговија со дрога, приведени се три лица (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 20 часот полициски службеници дале наредба за запирање на возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, а веднаш потоа било запрено патничкото возило „мерцедес“. Притоа, возачот се обидел да избега, но набргу бил фатен, а при преглед во возилото била пронајдена дрогата. По преземените мерки било пронајдено и запрено и возилото „шкода октавија“ кое играло улога на претходница на возилото „мерцедес“. Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на приведените лица, при што  биле пронајдени и одземени два пиштоли за кои немало дозвола за поседување“, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.  

Од МВР информираат дека ќе извршат вонредни контроли во фабрики за производство на масло од канабис за медицински цели во околината на Кавадарци и Неготино.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ