понеделник, 21 октомври 2024

Полицијата објави фотографии од осомничениот за пукањето во Мејн (ФОТО+ВИДЕО)

Полицијата објави фотографии од осомничениот за пукањето во Мејн, кој уби најмалку 22 лица, а повеќе од 50 се ранети.

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата го идентификуваше Роберт Кард како „лице од интерес“ во врска со двете престрелки во Левистон, јавува Си-ен-ен.

Кард (40) се верува дека е „вооружен и опасен“, објави полицијата на Фејсбук.

„Полицијата се обидува да го пронајде Роберт Кард, како личност од интерес во врска со масовното пукање. Кард се смета за вооружен и опасен. Ве молиме контактирајте ги органите на власта доколку ги знаете неговите движења“, велат од полицијата.

Роберт Кард, кој го изврши масовното убиство во Мејн, е инструктор за оружје, кој се обучувал во американската војска и неодамна бил сместен во установа за ментално здравје, според полицискиот билтен што го виделе американските новинари.

Во текот на летото 2023 година, Кард бил сместен во институција за ментални заболувања две недели. Тој наводно слушнал гласови и се заканувал дека ќе пука во базата за воена обука.

Како што е соопштено, во потрагата по напаѓачот се вклучени стотина полицајци.

Полицијата претходно објави три фотографии на Фејсбук, барајќи помош од јавноста за идентификување и лоцирање на напаѓачот. На две се наоѓа осомничениот, маж со брада во кафена јакна со качулка и фармерки, кој држи нешто што личи на полуавтоматска пушка, а на третата е бел теренец.

„Има активен пукач во Левистон. Од граѓаните се бара да останат во своите домови со заклучени врати. Полицијата во моментов истражува на повеќе локации“, објави полицијата на Мејн на платформата на социјалната мрежа Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ