среда, 30 октомври 2024

Полицијата бараше и најде по полноќ малолетници на пијачка во Битола, Прилеп и Ресен

Објавено на

часот

Сподели

„Во периодот од 00.00 до 4 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола постапило по планот „Безбедно лето 2023“, при што спровеле акциска контрола за присуство на малолетници. Во 7 угостителски објекти биле легитимирани 50-сетина млади лица и било утврдено дека шест се малолетни, а две и пиеле алкохол.

Во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен, во угостителски објекти после 24 часот затекнале 11 малолетници.

Во Прилеп, на  улица, без надзор од родители биле затекнати  двајца малолетници после 24 часот, по што биле предадени на родителите. По документирање на настаните ќе следуваат соодветни пријави“, информира МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ