четврток, 25 јули 2024
Изминатото деноноќие нови сообраќајки и нови повредени

Полицаец со мотоцикл на МВР паднал и тешко се повредил

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата кај Македонски Брод со тешки телесни повреди се здобил полицаецот кој управувал со мотоциклот, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од Полициската станица Македонски Брод, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Вчера триесетина минути после 18 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Берово, на делницата помеѓу селата Дабиље и Петралинци, во близина на крстосницата за селото Сарај, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(62) од село Двориште, излетало надвор од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката К.К.(58) од Двориште, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица“, соопшти МВР.  

Сообраќајна незгода вчера била пријавена и на локалниот пат во селото Лешок. Незгодата се случила неколку минути после 22 часот.

„Патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(18) од Теарце, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници, А.Ј.(19) и еден малолетник, и двајцата од Теарце, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово“, соопшти МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ