петок, 25 октомври 2024

Полицијата заплени незаконско поседувани ловечки пушки и десетици патрони

Вчера во село Горно Ботушје, општина Македонски Брод, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола извршиле претрес во домот на З.В.(55), при што пронашле и одзеле ловечка пушка и 35 патрони за пушката.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Истиот ден, исто така со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц. од село Горно Ботушје, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката. По документирање на настаните, против лицата ќе следуваат соодветни пријави“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ