вторник, 8 октомври 2024

Полицијата уапси Албанка која се обидела да побегне откако ѝ починал сопругот

Вчера во 14 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од село Скудриње, општина Маврово и Ростуше.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б. од Албанија собирале костени.

„Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17:10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата. Таа била задржана во полициската станица Гостивар за понатамошна постапка“, се наведува во билтнот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ