Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б. од Албанија собирале костени.
„Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17:10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата. Таа била задржана во полициската станица Гостивар за понатамошна постапка“, се наведува во билтнот на МВР.