Полициски службеници од Струга го лишиле од слобода Х.Б.(27) од Струга, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за издржување мерка притвор поради сомнение за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори по член 215 од Кривичниот законик, велат од МВР.
Лицето било спроведенo во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.