недела, 24 ноември 2024

Полицијата фати шверцер на мигранти кој се обидел да избега од местото на настанот

На автопатот Табановце – Куманово, во близина на село Табановце, синоќа околу 19:35 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода К.Н.(27) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР денеска соопштија дека на наведеното место, полициски службеници  сопреле возило ауди со скопски регистарски ознаки, од кое излегол К.Н. со осум мигранти од Сирија и се обидел да избега.

„Набргу бил фатен и лишен од слобода. К.Н. и возилото биле задржани во полициска станица, а по наредба на јавен обвинител, мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во Транзитниот центар Табановце. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ