петок, 25 октомври 2024

Полицаец побарал мито и добил кривична пријава

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип при СВР Штип.

Објавено на

часот

Сподели

На 19 февруари при вршење сообраќајна контрола кај наплатна станица Кадрифаково, полицаецот побарал и примил поткуп од државјанин на Косово за да не му издаде прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавениот поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ