петок, 25 октомври 2024

Полицаец ќе одговара за незаконско чување и тргување со оружје

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје поднел кривична пријава против полицаецот З.Ц. и против една агенција за обезбедување, на која тој е сопственик и управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, соопштија денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина согласно Колективниот договор, пишува во соопштението, а било донесено решение за отстранување на полицаецот од работното место до  донесување на решение во дисциплинската постапка.

„Имено, на 26 декември 2023, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки Црвена застава, ловечка пушка Бенели арми, ловечки карабин Бровинг, ловечка пушка Берета, четири кутии со барут, четири кутии со сачми, алат за изработување ловечки патрони, 36 куршуми различен калибар и 22 ловечки патрони. Додека, при претрес во просториите кои ги користи неговото правно лице, биле пронајдени и одземени пиштол чешка зброевка, пушка Крико и пушка Берета“, појаснуваат од МВР.

Со ова, полицаецот З.Ц. постапил спротивно на Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, според кој работниците не треба да ги вршат дејностите кои се во судир со внатрешните, односно полициските работи – работа како управител во правно лице и дејности поврзани со оружје и експлозивни материи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ