„На тој начин тој постапил спротивно на чл.22 од Законот за работни односи и на членовите 20-а, 20-б, 20-в, 20-г, 20-д од Законот за вработени во јавен сектор. Имено, во случајот работните места се испразнети, не се пополнети сите систематизирани, па според тоа не можел да ангажира лица од агенција за привремени вработувања.
Пријавениот, одредени вработени во континуитет ги овластил да извршуваат дополнителни работни задачи подолго од два месеци што е спротивно на чл.10 од Колективниот договор за комунални дејности, по што им исплаќал додаток на плата за работна успешност без притоа да бидат запазени критериумите утврдени во чл. 83 и 84 од Колективниот договор.
Пријавениот, исто така, несовесно постапил во извршувањето на своите должности и овластувања на тој начин што не обезбедил задолжителен видео надзор и физичко обезбедување во резервоарот на ЈКП Водовод кај местото викано Овчји Баир како објект од категорија која е од витално значење за безбедноста на здравјето и животот на граѓаните согласно член 4 од Одлука на Владата за определување на правни лица кои се должни да имаат приватно обезбедување. Во повеќе наврати за тоа му било укажувано и од страна на вработените во објектот“, се вели во соопштението на МВР.
Фото: Водовод Битола