петок, 22 ноември 2024
Повеќе од половина од членките бараат промени

Поднесена иницијатива за вонредно собрание во МОК и смена на Даниел Димевски

Македонскиот олимписки комитет ќе добие нов претседател откако беше поднесена иницијатива за вонредно собрание и смена на актуелниот прв човек, Даниел Димевски.

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од половина од членките на МОК побараа смена на претседателот Даниел Димевски.

Пред два дена во архивата на Македонскиот олимписки комитет е примено барањето за свикување вонредно собрание, зад иницијативата се потпишани 26 федерации и 5 индивидуални членови на собранието.

Како точки на дневен ред се разрешување на Даниел Димевски, избор на нов претседател на МОК, разрешување на актуелниот состав на управниот одбор и избор на нов состав на управниот одбор.

Даниел Димевски беше именува за претседател на МОК во октомври 2020 кога го наследи Васил Тупурковски. Тој има петгодишен мандат, но изминатиов период често беа изнесувани критики и незадоволство од неговата работа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ