четврток, 25 јули 2024

Поддршката на Заев за Филипче ќе ја доподели партијата, смета Петровска, Филипче ветува нов систем на работа

Поддршката на кој било експретседател на СДСМ за сегашните кандидати ќе донесе нови поделби во партијата, изјави во интервју за канал 5 кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска прашана дали поддршката на Зоран Заев за нејзиниот противкандидат Венко Филипче му дава предност пред неделните внатрепартиски избори. Филипче пак  на вчерашните средби со граѓаните во Кочани и Струмица истакна дека СДСМ мора да го искористи сиот потенцијал на членството на партијата и дека секој треба да биде слушнат, бидејќи секоја идеја е важна.

 

Објавено на

часот

Сподели

На последната средба со граѓаните на Штип, Петровска претставувајќи ја програмата „Манифест за социјдемократијата“ рече дека СДСМ е голема, државничка партија која носела храбри одлуки во интерес на државата, без да калкулира со сопствениот рејтинг.
„Тоа е вредност што треба да продолжиме да ја негуваме. Со исправни, демократски политики, со чесни и докажани луѓе на соодветни позиции ќе го вратиме СДСМ на вистинскиот пат. Затоа, другари и другарки социјалдемократи, ве повикувам во недела да заокружите број 4! Заедно да постигнеме повеќе!“, апелираше Петровска.
Филипче пак  на вчерашните средби со граѓаните во Кочани и Струмица истакна дека СДСМ мора да го искористи сиот потенцијал на членството на партијата и дека секој треба да биде слушнат, бидејќи секоја идеја е важна.

Филипче истакна дека ќе се залага за систем на размена на идеи на мислења и комуникација, и тоа ќе биде начин на работа на новото раководство на СДСМ.

„Најважно од сѐ е другарството, најважна од сѐ е релацијата, отвореноста, достапноста. Не може некој да не се јавува или да не комуницира поради тоа што во моментот извршува некаква функција. Ако јас бидам претседател секогаш ќе ви бидам достапен. Јас така знам да функционирам. Таков сум бил како доктор, така сум бил како министер. Тоа е една од работите зошто се нафаќам да се кандидирам на оваа функција. Затоа што сметам дека тој систем може да се имплементира и тука во партијата“, истакна Филипче.

Филипче потенцираше дека тој не верува во наметнати политики, кои ќе ги смислува раководството во Скопје, бидејќи тоа создава револт кај членството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ