среда, 24 јули 2024

Почна Светското јуниорско ракометно првенство за жени во Скопје

Од денеска па до 30. јуни Македонија е домаќин на 24. Светско јуниорско ракометно првенство во женска конкуренција.

Објавено на

часот

Сподели

Ова ќе биде вториот Мундијал за ракометарки до 20 години на кој ќе учествуваат 32 репрезентации.

Натпреварите почнаа да се играат од 9 часот изутрина, а тие се одржуваат во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.

Ракометната федерација на Македонија се погрижи салите да бидат подготвени за шампионатот според сите стандарди и да ги понудат најдобрите услови за земјите учеснички на овој ракометен настан.

Македонската репрезентација ќе игра во групата „Х“ заедно со Исланд, Ангола и САД. Прв противник е САД, а мечеот се игра вечерва од 20:15 часот.

Со Исланд се среќаваме в петок од 18, а со Ангола в недела од 20:15 часот. Сите дуели од групната фаза Македонија ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ